сабота, 26 октомври 2024

Сандри: Измените на Законот за матична евиденција ја стави земјата на вистинската патека

Објавено на

часот

Сподели

„Ова за државата претставува пишување на историја, но најважното е дека ова е настан кој ќе ги промени животите на сите луѓе што немаат извод“, вели Сандри во интервјуто дадено во пресрет на Светскиот ден на бегалците – 20 јуни.

Собранието минатата недела ги усвои измените на Законот за матична евиденција, со кои ќе се овозможи решавањето на случаите и правна видливост за 700 граѓани кои водеа децениски битки со системот да добијат правен идентитет. Измените беа усвоени по брза постапка со 63 гласа „за“. Овие измени овозможуваат решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, како и секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство.

Од четвртокот пак, ако граѓаните имаат потреба од вадење документ од Матичните книги на родени, венчани или умрени прво ќе мора да се изјаснат како се чувствуваат односно да се изјаснат на која националност ѝ припаѓаат. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ