Џејдон Санчо беше избркан од првиот тим на Манчестер јунајтед откако влезе во војна со тренерот Ерик тен Хаг на крајот од август.
Англичанецот одби да се извини, па нема иднина на Олд Трафорд и треба да си најде нов клуб.
Новинарот Флоријан Плетенберг попладнево објави дека Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд активно работат на враќање на Џејдон Санчо на „Сигнал Идуна Парк“.
Информацијата кратко подоцна ја потврди и Кристијан Фалк, кој објави дека се водат конкретни преговори за позајмица на напаѓачот до крајот на сезоната.
Борусија Дортмунд ќе плати одредена сума, Манчестер јунајтед пак ќе покрива дел од платата, па Џејдон Санчо уште неделава би можел да им се приклучи на „милионерите“ и подготовките за новата сезона.