Џејдон Санчо и понатаму е топ тема во трансфер шпекулациите поврзани со Манчестер јунајтед.
Засилувањето вредно 85 милиони евра е надвор од тимот од август месец, кога влезе во војна со тренерот Ерик тен Хаг, работи индивидуално, дури не смее ниту да јаде со останатите соиграчи.
Се говори дека Англичанецот ќе биде продаден во јануари, Јувентус и Борусија Дортмунд се клубовите кои пројавуваат интерес за неговите услуги.
Како што пренесува Сан, на напаѓачот не му доаѓа памет, пропуштил неколку тренинг сесии и давал најразлични изговори за отсуството.
Во меѓувреме, Ерик тен Хаг беше запрашан дали Џејдон Санчо има иднина на Олд Трафорд, а тренерот на Манчестер јунајтед порача: „Има одредена работна култура и секој фудбалер треба да исполни одредени стандарди“.
„Тој знае што треба да направи, се зависи од него“.