сабота, 27 јули 2024

Санчо и Ројс погодија за победа на Дортмунд и пласман во четвртфинале (ВИДЕО)

Со гол на Санчо на стартот од мечот и Ројс пред крајот на натпреварот, Борусија Дортмунд со 2-0 го победи ПСВ Ајндховен и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот во Ајндховен заврши нерешено 1-1, па на Дортмунд му беше потребна било каква победа.

Борусија почна одлично, со гол на Санчо во третата минута дојде до водство од 1-0.

ПСВ играше добро, особено во второто полувреме имаше неколку големи шанси за гол, а откако не ги реализираше следуваше казна.

Во 95. минута Марко Ројс искористи една грешка на гостите и даде гол за конечни 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ