сабота, 27 јули 2024
Ден по тешкиот пораз на левицата на локалните избори во Шпанија

Санчез најави одржување на предвремени парламентарни избори

Објавено на

часот

Сподели

Санчез во телевизиско обраќање објави дека на шефот на државата, кралот Фелипе Шести, му ја пренел одлуката за „распуштање на парламентот и распишување општи избори“, кои ќе се одржат во недела на 23 јули.

Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Санчез претрпе големи загуби на вчерашните локални и регионални избори на кои конзервативната Народна партија (ПП) ја презеде контролата врз голем број клучни градски влади и региони.

Избори се одржаа во 12 од 17 регионални парламенти и во градските општини низ државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ