сабота, 27 јули 2024
Серија А

Санабрија атрактивно погоди со ножички и го сопна Наполи (ВИДЕО)

Торино се избори за 1-1 на гостувањето кај Наполи, Кварацхелија ги донесе домаќините во предност, Санабрија атрактивно погоди со ножички за поделба на бодовите.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот натпревар од 28. коло во Серија А, Наполи и Торино одиграа 1-1 на „Диего Армандо Марадона“.

Кварацхелија го отвори резултатот по еден час игра, Грузиецот ја затресе мрежата на асистенција на Марио Руи за 1-0.

Сепак, само пет минути подоцна, по еден корнер, Санабрија атрактивно погоди со ножички за 1-1.

Домаќините се обидоа до финишот да стигнат до победа, но Торино одлично се бранеше, па бодовите беа поделени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ