Во првиот натпревар од 28. коло во Серија А, Наполи и Торино одиграа 1-1 на „Диего Армандо Марадона“.
Кварацхелија го отвори резултатот по еден час игра, Грузиецот ја затресе мрежата на асистенција на Марио Руи за 1-0.
Сепак, само пет минути подоцна, по еден корнер, Санабрија атрактивно погоди со ножички за 1-1.
Домаќините се обидоа до финишот да стигнат до победа, но Торино одлично се бранеше, па бодовите беа поделени.