сабота, 27 јули 2024

Сања Митровска во „Што го врти светот“: Гинисов рекорд во најдолга презентација пред инвеститори 

Во новата епизода на „Што го врти светот“, гостинка е Сања Митровска. Релативно млада претприемачка, чиј бизнис модел е да им помага на старт апи во рана фаза да го развијат бизнис моделот и да добијат финансирање. 

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата на Сања, го држи Гинисовиот рекорд во најдолга презентација пред инвеститори. 30 часа, на секои 5 минути се менувале презентери пред комисијата составена од потенцијални инвеститори. Преку програмите на Сања и нејзината компанија Нетворкер неколку бизниси, во најрана фаза од креирањето на бизнис  моделот, добиваат финансирање од 2,5 милиони евра. Со Сања се разговараше за тоа кои бизниси можат да добијат финансирање, каква е нејзината проценка кој претприемач би имал успех, дали е сега вистинско време да се инвестира во бизниси со вештачка интелигенција или виртуелна реалност, како да развиеме успешни македонски бизниси и колку сме далеку од т.н. бизнис еднорози (unicorns) кои во првите години би реализирале профити над 1 милијарда. И во оваа епизода се зборува за жените и за тоа зошто поретко го преземаат првиот чекор, кога е бизнисот во прашање.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ