недела, 20 октомври 2024

Самсунг Neo QLED и QLED – рај за гејмерите

Објавено на

часот

Сподели

Со новите Neo QLED телевизори гејминот добива нова димензија!

Новиот Samsung  Neo QLED QN900C телевизор ги остави без зборови и верните следачи на најновите технологии за телевизори кај нас, па така нивните одлични искуства се најдоа и на реномираната платформа Expert Reviews, додека онлајн публикацијата TechRadar ги препорачува со максимални 5*.  Задоволството од новите Neo QLED телевизори преточено во зборови на препорака звучи вака:

„Го тестирав Samsung QN900C и можам да кажам дека конечно сум љубител на 8K технологијата.”
„Водечкиот 8K телевизор на Samsung прикажува детали во сета нивна слава.”
„Многу пати додека гледав реков “wow”, и тоа не е нешто што го правам со секој телевизор што го тестирам.”
„8K содржината на YouTube изгледа одлично, но подобрената 4K изгледа уште подобро.”

Новиот Samsung NeoQLED QN900C телевизор уште повеќе го усовршуваат визуелното искуство со моќниот процесор кој ќе ви овозможи секогаш да ја чувствувате целосната моќ на со AI Upscaling во 8К. Оваа карактеристика ги подобрува сцените автоматски, независно од оригиналната содржина, додека пак Auto HDR Remastering ќе ви овозможи SDR содржините да ги претворите во HDR со помош на алгоритмите на длабинско учење кои создаваат посветли истакнувања, појасни детали и поживописни бои. Аудио искуството повторно е донесено до совршенство со Adaptive Sound Pro технологија за дигитално менување на звукот која го оптимира истиот и го прилагодува на вашиот простор и на аудиосодржината да бидат како што креаторите на игрите ги замислиле. Згора на се, Neo QLED QN90C доаѓа и со надградена Motion Excelerator Turbo Pro, иновативна функција 4К 144 Hz, која овозможува врвни перформанси, создавајќи кристално чисти слики и неверојатни брзини. А пак длабочината е доловена исто како со човечко око преку Real Depth Enhancer функцијата, која го отсликува начинот на кој човечките очи ја обработуваат длабочината со зголемување на контрастот во преден план за реалистични слики, исто како во 3Д.  

с

Новите Neo QLED  – совршени гејминг партнери

За врвно гејминг и кино искуство на големиот екран, новиот Samsung Neo QLED QN900C телевизор се одликува со технологија Quantum Matrix Technology Pro која носи уште подобрен квалитет на сликата. Со употреба на иновативни Quantum Mini LED светилки со 14-битна обработка и вештачка интелигенција, се контролира изворот на светлина, но и се подобрува јасноста и контрастот на црната боја. Технологијата Quantum HDR 64x ги доловува најдобрите детали во светли и темни области со што ќе ви го прикаже вистинскиот квалитет на сликата HDR 10+, при што целосно ќе се соживеете со содржините на екранот, а особено со акцијата додека гејмате. И сето ова дополнително го движи моќен Neural Quantum 8K процесор кој користи вештачка интелигенција за да обезбеди врвно 8K искуство во домот. Овој процесор има 64 независни мрежи за вештачка интелигенција, од кои секоја ги анализира карактеристиките на содржината и квалитетот на приказот и додава длабочина и острина. Исто така, Neo QLED 8K телевизорите се одликуваат со екранот Infinity Screen и дизајнот Infinity One, кој со минималистичките рамки, тенок профил и рамен заден дел одлично се вклопува во секој ентериер, без разлика на големината на просторот.

Телевизорите Neo QLED QN900C, како и оние од серијата OLED, претставуваат врвно достигнување од аспект на технолошки иновации и премиум естетика и дизајн, обезбедувајќи им го на своите корисници најдоброто досега, и визуелно и аудио искуство при гледањето на најновите фимови, омилените серии, концерти или утакмици, а за гејмерите – неприкосновено реалистично доживување на виртуелна реалност.

Најновите 2023 модели на Samsung Neo QLED и OLED се достапни кај нас, по препорачани малопродажни цени почнувајќи од 117.999,00 ден. за Neo QLED QN90C и 129.999,00 за се достапни кај нас по препорачана малопродажна цена почнувајќи од 117.999,00 денари, а OLED S90C по предложена малопродажна цена почнувајќи  од 129.999,00 денари.

                                                                                                                                           Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ