четврток, 26 декември 2024
Луди квалификации со драма до последната секунда

Само втор пат во историјата: Расел и Верстапен имаа идентично време во квалификациите во Канада!

Џорџ Расел се радува на победа во квалификациите во Канада, возачот на Мерцедес имаше идентично време со Макс Верстапен, но ќе тргне од пол-позиција откако прв го постави времето од 1:12.000

Објавено на

часот

Сподели

Луди квалификации во Канада, Џорџ Расел се избори за старт од првото место пред Макс Верстапен и Ландо Норис.

Првата сесија започна со изненадување, Серхио Перез беше дел од петмината возачи кои испаднаа од конкуренција.

Втората сесија донесе нов шок, двајцата возачи на Ферари потфрлија по успехот во Монако, па Шарл Леклер имаше време само за 11-тото место, додека пак Карлос Санинц за 12-тото место.

Во финалната трета сесија, Џорџ Расел прв го зададе ударот со време од 1:12.000, за во вториот обид, Ландо Норис се доближи на само 21 илјадитинка, за потоа да следи огромна драма во завршницата, Макс Верстапен исто така постави време од 1:12.000.

Со оглед на тоа дека Џорџ Расел прв го постави ова време, пол-позицијата му припадна на возачот на Мерцедес.

Ова е само втор пат во историјата на Формула 1 да се има идентинчно време на врвот, претходниот пат е Херез во 1997 година, кога дури тројца возачи имаа исто најдобро време во квалификациите.

Во топ 10 уште завршија Пиастри, Рикардо, Алонсо, Хамилтон, Цунода, Строл и Албон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ