сабота, 27 јули 2024

Само во Центар во Скопје казнети се 61 возач

Вчера во периодот од 17 до 21 часот скопската полиција спроведе акциска контрола на територијата на општина Центар во Скопје и казни 61 возач, од кои шест за возење без возачка дозвола, осум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз.

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се 12 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири санкции за возење под дејство на алкохол…На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ