сабота, 27 јули 2024

Само шест невладини во Македонија ја добија „ознаката за доверба“

На форумот за филантропија 2024 беа сертифицирани шест граѓански организации, кои под менторство на здружението Конект, ги достигнаа високите стандарди и ги исполнија критериумите за стекнување на „ознаката за доверба“, информираа денеска од ова здружение.

Објавено на

часот

Сподели

„Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива. Ознаката претставува стандард за добро работење, ја доделува независен одбор, а процесот вклучува многу детални проверки на политиките, практиките и работата на организациите“, се појаснува во соопштението.

Како проверени организации за кои се препорачува да се поддржат, со ознака за доверба од целосно ниво, се „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“, Сојуз на извидници на Македонија, Здружение „Македонска асоцијација на земјоделски задруги“, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Додека, организацијата која добила ознака за доверба од основно ниво, е Македонската Асоцијација на советници за развој на кариера АСК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ