сабота, 27 јули 2024

Само преку дијалог се решеваат прашањата со сидикатите, вели Тренчевска

Објавено на

часот

Сподели

„Тренчевска на средбата посочи дека синдикатот е веќе информиран дека за барањата кои повторно се тема на дијалог, односно покачувањето на платата и регресот се веќе прашања на кои се работи. Таа истакна дека со измена на законот во основната плата ќе влезе и минималната плата, додека пак во однос на прашањето за регресот за годишен одмор веќе е дискутирано дека оваа година ќе има исплата. Исто така Тренчевска информираше и за работата на Проектот за подобрување на социјалните услуги каде што е предвидено во рамки проектот да се изготви решение за бенефицираниот стаж и дека и тоа треба да биде реализирано“, соопштуваат од МТСП.

Министерката на средбата посочи и дека протестите се легитимно право, но оти предизвиците се решаваат само преку дијалог.

Таа истакна дека интересот на вработените во системот за социјална заштита за неа е приоритет, оти секогаш е подготвена да ги сослуша барањата на работниците, како и дека само преку дијалог може да се дојде до вистинско решение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ