сабота, 27 јули 2024
МНР побарало челниците на локалната власт да ги ослободат автомобилите

Само градоначалникот Мерко од Струга го понудил возилото за претстојниот министерски совет на ОБСЕ

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Османи на денешниот брифинг со новинарите, досега само Мерко и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила.

„Според проценката од моите служби, можеби ќе се потрошат половина од предвидените средства, но тоа ќе биде флуидно и ќе зависи колку МВР ќе има потреба од возила зашто поголемиот дел од возилата се за МВР кое ќе ги користи како придружни возила. Колку МВР ќе каже, толку. Знаете дека имаше одлука на Влада да се побара од градоначалниците. Пуштивме барање тие да ги ослободат сите возила. Досега добивме повратно од само еден градоначалник дека го нуди своето возило, од Струга. Пуштивме писмо и до сите почесни конзули зашто имаше по медиуми понуда од нив, „зошто објавиле тендер кога можеле од нас да ги користат“. Кога веќе јавно се понудија, им пуштивме писмо, но знаете колку пуштија? Само двајца“, рече Османи.

За Самитот, нагласи, 35 возила ќе обезбеди Владата од министрите, дел возила треба да бидат од градоначалниците, а дел и од други институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ