петок, 18 октомври 2024

Само една фирма се пријавила на тендерот за набавка на компресорска станица за Клиничкиот центар

Пристигната е една понуда на тендерот за набавка на компресорска станица за Клиничкиот центар во Скопје, информираа денеска од Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.

„Министерството за здравство, согласно објавениот оглас за јавна набавка на станица за компримиран воздух, денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се склучи договор за јавна набавка“, информираат од Министерството за здравство.

Минатата недела, Стојче Николовски раководител на секторот за технички работи, за МИА соопшти дека првично три фирми пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата каде треба да биде поставена станицата за компримиран воздух.

Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ