четврток, 26 декември 2024

Само еден Македонец е подготвен за настап во претстојното коло од Лигата на шампионите

Денеска почнува шестото коло од Лигата на шампионите, од четворицата Македонци што играат во екипи од елитното натпреварување, само еден е здрав за да настапи.

Објавено на

часот

Сподели

Единствениот македонски фудбалер што е подготвен за настап е Стефан Ристовски, тој се очекува да биде во стартниот тим на Динамо Загреб за натпреварот со Селтик. Во хрватскиот тим ќе го нема Аријан Адеми, кој веќе пропушти неколку натпревари поради повреда.

Нема да настапи ни Бојан Миовски за Жирона против Ливерпул. Македонскиот напаѓач добил повреда на зглобот на последниот тренинг на шпанскиот тим.

Елиф Елмас од поодамна е повреден и за него годината е завршена, тој нема да биде во комбинација за дуелот на Лајпциг против Астон Вила.

Дербито денеска е во Бергамо каде Аталанта која е во одлична форма го пречекува Реал Мадрид. Интересно ќе биде и во Леверкузен каде Баер ќе се сретне против Интер.

И утре на програмата има неколку интересни дуели, во Торино Јувентус ќе игра против Манчестер Сити, Барселона ќе гостува кај Борусија во Дортмунд, а Милан на Сан Сиро ќе ја пречека Црвена звезда.

Лига на шампионите 6. коло:
Вторник
Динамо Загреб – Селтик
Жирона – Ливерпул
Аталанта – Реал Мадрид
Баер Леверкузен – Интер
Брест – ПСВ
Клуб Бриж – Спортинг
Лајпциг – Астон Вила
Салцбург – ПСЖ
Шахтар – Баерн Минхен
Среда
Атлетико Мадрид – Слован Братислава
Лил – Штурм
Милан – Црвена звезда
Арсенал – Монако
Бенфика – Болоња
Борусија Дортмунд – Барселона
Феенорд – Спарта Прага
Јувентус – Манчестер Сити
Штутгарт – Јанг Бојс

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ