сабота, 27 јули 2024

Само 15 отсто од Израелците сакаат Нетанјаху да остане на функцијата по војната во Газа

Само 15 отсто од Израелците сакаат премиерот Бенјамин Нетанјаху да остане на функцијата по војната во Газа, според новото истражување на јавното мислење објавено во вторникот, пренесува Анадолија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, спроведено од Израелскиот институт за демократија, покажа дека 23 отсто од Израелците му даваат предност на поранешниот министер за одбрана и член на воениот кабинет Бени Ганц да стане премиер, пренесе Анадолија.

Околу 30,5 отсто од испитаниците не го именуваа посакуваниот лидер за таа функција, покажа истражувањето.

Во истражувањето учествувале 756 лица со маргина на грешка од 3,5 отсто.

Нетанјаху се соочува со широко распространети критики во израелските кругови за својот неуспех во откривањето на нападот на Хамас на 7 октомври и неговото справување со прашањето на израелските затвореници во Појасот Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси два милиони жители се раселени.

Најмалку 22.185 Палестинци оттогаш се убиени, а 57.035 се повредени, според Министерството за здравство на Газа. Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ