Нова Алтернатива имаше листи и во третата и во четвртата Изборна единица каде освои 410 гласови односно 348 гласови, соодветно. Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,27% отсто од гласовите за парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места, коалицијата на ДУИ 19 пратеници, СДСМ има 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 6 пратеници. Арсовска во јануари годинава беше промовирана како нова претседателка на Нова Алтернатива и тогаш најави дека ќе настапат со свои листи на парламентарните избори.
Актуелната градоначалничка на главниот град по помалку од година после изборите се скара со ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека има легитимитет да биде градоначалничка на Скопје бидејќи голем дел од гласовите на изборите ги добила токму таа, а не партијата, но вчерашните резултати од ДИК покажаа нешто сосема поинаку.
Од останатите мали партии состојбата според последните резултати на ДИК е следна:
Коалицијата Храбро за Македонија ГРОМ освои 4.543 односно 0,46 %
Единствена Македонија 1.680 гласови или 0,17 %
Политичката партија Нова Алтернатива Скопје 3.438 гласови или 0,34 %
Политичка партија Аваја 2.909 гласови или 0,29 %
Европско граѓанско движење 241 глас или 0,02 %
Македонската ера трета – Суверенисти 959 гласови или 0,10 %
Твоја партија 1.738 или 0,17 %
Родина Македонија 1.092 или 0,11 %
Политичката партија Десна 527 или 0,05 %
Политичка партија Демократи Скопје 904 или 0,09 %
И Работничка партија 437 или 0,04 %.