сабота, 27 јули 2024
Изјава на високиот претставник на ЕУ

Самитот ќе најави близу 2 милиони евра за безбедноста на Македонија, Црна Гора и Албанија, изјави Борел

Еден од резултатите на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе биде најавата дека ќе обезбедиме дополнителни речиси два милиони евра со цел да ја зајакнеме безбедносната отпорност на Македонија, Албанија и Црна Гора, порача високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел пред почетокот на средбата на врвот во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на оваа година многу патував во регионот. Го одржавме Советот за асоцијација во Албанија и Северна Македонија. И ние мора да продолжиме да се ангажираме повеќе со нив, особено на зголемување на отпорноста на кибер напади и новите форми на војување“, рече Борел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој нагласи дека живееме во тешко, предизвикувачко и опасно опкружување и тоа влијае врз  ЕУ, врз нејзиното соседство и врз Западниот Балкан, па затоа процесот на проширување мора да се забрза. 

„Тоа е нашата најважна безбедносна гаранција и нашиот најважен начин да станеме партнери“, истакна Борел.

Според него, од надворешнополитички аспект ЕУ мора да ги поддржи оние земји од Западниот Балкан кои се поусогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика, бидејќи од тоа зависи нивната отпорност на безбедносните предизвици.

„Работите се движат – полека, но се движат. И ние мораме да ги туркаме да продолжат по овој пат, бидејќи тоа е единствениот начин тие да имаат јасна европска перспектива“, порача Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ