понеделник, 21 октомври 2024

Самите членки на ЕУ ќе одлучуваат за ограничувањата на украинските напади во Русија

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ разговарале за можноста за укинување на ограничувањата за украинските напади врз цели во Русија за време на состанокот во Брисел во четвртокот.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, беше заклучено дека одлуката за ова ќе биде оставена на секоја земја членка поединечно.

„Заклучокот е главно дека тоа е национална одлука и земјите-членки сакаат тоа да остане национална одлука. Секоја ќе донесе одлука што ја смета за соодветна“, рече Борел на прес-конференцијата по состанокот, пренесува порталот „Европска правда“.

Борел исто така истакна дека некои земји-членки на ЕУ не ја снабдуваат Украина со ракети со долг дострел и затоа не учествуваат во таквата одлука на практично ниво. „Значи, ова не е одлука на европско ниво“, рече Борел.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба пред средбата изјави дека Киев очекува согласност од партнерите за употреба на ракети со долг дострел против цели во Русија и дека тие ракети ќе ги добијат навреме.

Во контекст на неодамнешните настани, неофицијално беше објавено дека Украина планира да ѝ достави на Белата куќа список на цели во Русија за ракетите АТАКМС во обид да го убеди американскиот претседател Џо Бајден за важноста на овие напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ