сабота, 19 октомври 2024

Салвини: Повторно би ги блокирал илегалните мигранти, иако ми се закануваат 15 години затвор

Италијанскиот вицепремиер, министер за транспорт и лидер на десничарската антиимигрантска партија Лига, Матео Салвини, на судењето во Палермо, каде што е обвинет за киднапирање и одбивање да изврши службена должност, бидејќи спречил симнување на 147 илегални мигранти на Лампедуза пред пет години, изјави дека повторно би го сторил истото, иако му се заканува затворска казна до 15 години доколку биде осуден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мигрантите ги спаси шпанската невладина организација „Отворени раце“, наведува АНСА.

„Одбраната на границите од илегалните имигранти не е кривично дело. Ризикувам 15 години затвор, и повторно би го сторил истото“, напиша тој на социјалните мрежи.

Ова е една од бројните акции против Салвини поради неговата тогашна цврста политика на блокирање на пристигнувањето мигранти од 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ