понеделник, 23 декември 2024

Салах испиша историја, Ливерпул го совлада Тотнем во луд натпревар со девет погодоци (ВИДЕО)

Во луд натпревар со девет погодоци, Ливерпул славеше со 3-6 на гостувањето кај Тотнем, Мо Салах испиша историја и стана првиот фудбалер со 10+ погодоци и 10+ асистенции во Премиерлигата пред Божиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Последниот натпревар во 17. коло во Премиерлигата донесе многу возбуда и дури девет погодоци, Ливерпул со 3-6 го совлада Тотнем и си замина со три бода од Северен Лондон.

Диаз го отвори резултатот, Мек Алистер зголеми на 0-2, за Медисон во 41. минута да ја врати надежта кај домаќините и да намали на 1-2. Сепак, во судиското надополнување, „црвените“ стигнаа до 1-3 преку Собослаи.

Во продолжението од мечот, Салах два пати ја затресе мрежата за 1-5, за Тотнем преку Кулушевски и Соланке да донесат одредена неизвесност и да намалат на 3-5.

Но Ливерпул веднаш одговори, Диаз реализираше за 3-6 во 85. минута и ги реши сите дилеми.

Мо Салах ќе го памети натпреварот по новиот рекорд кој го постави. Египјанецот стана првиот играч во историјата на Премиерлигата кои стигнал до 10+ погодоци и 10+ асистенции пред Божиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ