сабота, 27 јули 2024

Сакраменто првпат по 2016 го победи Милвоки, Сабонис постави рекорд (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сакраменто срушија една непријатна традиција која траеше уште од февруари 2016 година, конечно се израдуваа на триумф над Милвоки откако победија со 129-94.

Објавено на

часот

Сподели

Сакраменто имаше катастрофален учинок против Милвоки во изминатиот период, цели осум години немаа победа над овој тим, односно 16 натпревари во серија.

На таквата црна серија конечно ѝ дојде крај. Сакраменто одигра моќен натпревар и убедливо го победи Милвоки.

Домаќините постојано имаа водство, победата во ниту еден момент не им беше загрозена, а посебно добра беше последната четвртина која ја добија со 34-16, за конечен триумф од 129-94.

Сабонис собори рекорд на франшизата откако со 22 поени и 11 скокови го запиша 47. последователен дабл-дабл учинок, со што го помина Џери Лукас.

Најефикасен во составот на Сакраменто беше Фокс со 29 поени. Најдобар на теренот беше кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо кој реализираше 30 поени, имаше и 13 скокови.

Резултати:
Њујорк – Филаделфија 106-79
Мемфис – Вашингтон 109-97
Оклахома – Индијана 111-121
Сан Антонио – Хјустон 101-103
Јута – Бостон 107-123
ЛА Клиперс – Минесота 100-118
Сакраменто – Милвоки 129-94

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ