сабота, 27 јули 2024

Сакаме туристи, ама не ги укинуваме визите за Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Кина, Русија…

Албанските медиуми деновиве јавија дека албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави. Целта на оваа мерка е поголем број туристи од сите делови на светот. И Македонија сака повеќе туристи, ама не ги укинува визите.

Објавено на

часот

Сподели

Албанија до 31 декември ги укинува визите за влез во нивната земј со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. „Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна исправа. Ова е со цел да донесе што е можно повеќе странски туристи, се наведува во образложението.

Албанија минатата година регистрираше рекордна бројка на странски туристи или 7,5 милиони, што е за 35 отсто повеќе од претходната година.

Во Македонија во јануари годинава регистрирани се 47.761 турист, од кои 40,4% се домашни, а 59,6 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Најголем е бројот на туристите од соседството – Србија, Албанија, Турција, Грција, Бугарија, Косово…

Деловниот бизнис совет на Македонија со земјите од Блискиот исток Бизнис контакт веќе има испратено барање до македонските институции за укинување на визите за Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Обединетите арапски емирати. Одговор нема. Македонија има визи и за Кина и Русија. Од Кина веќе има барање за укинување на визите токму во името на туристичката соработка меѓу двете земји. Со Русија актуелни се санкциите на ЕУ на кои се приклучи и Македонија.

Но одговор на овие барања од македонската влада засега нема.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ