сабота, 21 декември 2024

„Сакам да работам“: Се води неоснована хајка против игрите на среќа

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ забележува повторно засилување на активната хајка против игрите на среќа, се наведува во денешното соопштение на ова здружение откако вчера група стружани протестираа против отворање на уште еден ново казино во градот.

Објавено на

часот

Сподели

Од здружението „Сакам да работам“ тврдат дека после секоја најава и иницијатива за измени на законот за игри на среќа, како по нарачка се јавува одредена група на демонстранти, кои спроведуваат негативна кампања. Според нив, она што е крајно загрижувачки што во протестите се вклучени и верски лица кои, како штовелат, се најрадикални во ставовите.

Од „Сакам да работам“ велат дека на протестот во Струга биле изнесени манипулативни тези во врска со игрите на среќа.

Според податоците на ова здружение, а повикувајќи се на официјални информации, во Општина Струга заедно со околните села има вкупно 13 училишта, од кои две средни.

„Според последниот попис на Државниот завод за статистика, градот Струга е лидер по бројот на угостителски објекти во југозападниот регион на Македонија. Односно во Струга има 163 угостителски објекти, во кои меѓу другото се точи и алкохол и се пушат цигари, кои како општествени појави може штетно да делуваат врз развојот на младината. Зошто групата демонстранти, по истите аршини како за игрите на среќа, не побараат да се затворат и овие 163 угостителски објекти?“, прашуваат од „Сакам да работам“.

Според нив, не е точно тврдењето на демонстрантите од Струга дека во Грција сега се забранети игрите на среќа затоа што, како што велат, забраната „падна“ во 2018 година.

„Кога грчките власти видоа дека меѓу три до пет илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 година поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на значителни финансиски средства надвор од државата. Исто така, во октомври 2022 година, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот премиер Еди Рама е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. А ако сакаме да зборуваме за европски трендови, доволно е да се земе примерот со Лихтенштајн. На 29 јануари 2023 година, 72 проценти од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во ова кнежевството. Во регионот, игрите на среќа се забранети само на Косово, но групата демонстранти од Струга треба да и одговорат на јавноста, колку жители од Косово на дневна основа играат игри на среќа во Тетово? Каде припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во некое друго друштво?“, се наведува во реакцијата на „Сакам да работам“.

Од здружението велат дека различните приредувачи на игри на среќа, вкупно вработуваат околу 10 илјади лица, што е повеќе од вкупниот број на жители во две општини во Источна Македонија што овој економски сектор го прават најголем приватен работодавач во земјата. Според нивните податоци постојната регулатива во Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции.

„Ние работиме во општествено одговорни компании кои целосно го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваме законските норми. Чесно е заговорниците на целосното затворање на сите објекти за приредување игри на среќа да соопштат јавно дали сакаат целосно затворање затоа што во овој економски сектор 90 проценти од вработените се Македонци? Целосното затворање на легалните игри на среќа ќе предизвика отпуштање на 10 илјади вработени, што статистички значи дека тоа се 35 илјади нови кандидати за иселување од Македонија. Државата ќе изгуби најмалку 280 милиони евра буџетски приходи на годишна основа. Ќе се затвори целосно законска економска гранка што ќе предизвика отворање играње на црно во подрумски простории, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци“, категорични се од здружението „Сакам да работам“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ