недела, 27 октомври 2024

„Сакам да работам“ до Ристовски: 1,5 проценти од приходите од игрите на среќа одат во Министерството за спорт

Здружението за организирање игри на среќа „Сакам да работам“ е изненадено од најавата на министерот за спорт Борко Ристовски дека спортистите кои рекламираат казина и обложувалници ќе бидат казнети од Министерството, со одземање на државната помош. Тие гопрашаа Ристовски каква порака праќа со ваквата изјава до 10.000 семејства кои живеат работејќи во овој сектор. Од здружението го потсетуваат министерот дека годишниот приход во државниот Буџет од сите приредувачи на игри на среќа достигнува до 280 милиони евра, од кои 1,5 проценти директно се слеваат во Министерството за спорт, дополнителни 1,5 проценти во Министерството за здравство.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Игрите на среќа се целосно легален економски сектор кој со своите инвестиции позитивно влијае на целокупниот развој на македонската економија. Сакаме да го потсетиме министерот Борко Ристовски дека годишниот приход во државниот Буџет од сите приредувачи на игри на среќа достигнува до 280 милиони евра, од кои 1,5 проценти директно се слеваат во Министерството за спорт, дополнителни 1,5 проценти во Министерството за здравство. Доколку смета дека треба да им се одземе државната помош на спортистите кои рекламираат игри на среќа, дали Ристовски индиректно најавува дека неговото Министерство ќе се откаже од приходите од игрите на среќа или можеби и Владата ќе се откаже од годишните приходи од оваа индустрија? Дали ќе ги повика и спортските клубови кои се спонзорирани од светски познати брендови од секторот игри на среќа да ги раскинат спонзорските договори? Истовремено, треба да земе предвид дека вкупно гледано, сите приредувачи на игри на среќа се најголем приватен работодавец во приватниот сектор со директни 10.000 вработувања. Ако за министерот за спорт е неетички спортисти да рекламираат игри на среќа, тогаш каква порака им испраќа на вработените и нивните семејства, дека можеби работат во сектор кој Владата сака да го забрани?“, се наведува во реакцијата на „Саакам да работам“.

Оттаму сметтат дека ваквата најава е апсолутно непотребна во услови кога голем број приредувачи на игри на среќа манифестираат висок степен на општествена одговорност, и надвор од законски предвидените финансиски обврски, со голем број на спонзорства и донации директно го финансираат спортот како основен предуслов за правилен развој на младината.

„Со вакви чекори министерот за спорт делува дестимулирачки и кон приватните компании од други сектори кои треба да се приклучат на приредувачите на игри на среќа во спонзорирањето на македонскиот спорт“, пишува во реакцијата на „Сакам да работам“.

Министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за Рес Публика изјави дека сите оние спортски работници кои ќе ја рекламираат индустријата за игри на среќа ќе ја загубат државната помош.

„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“ вели Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ