четврток, 23 мај 2024
Запрепастувачки податоци во Извештајот на Првата детска амбасада

Сакајќи да се самоубијат деца бараат помош во „Меѓаши“

Вкупно десет деца на возраст од 10 до 14 години побарале помош на телефонскиот број на Првата детска амбасада кажувајќи дека сакаат да се самоубијат. Податоците кои во Извештајот ги сподели Меѓаши се запрепастувачки, а покажуваат дека најголем дел од децата имаат проблем со менталното здравје. Според бројките, поголем  број на деца кои бараат помош заради нарушено ментално здравје живеат во урбаните средини, отколку во руралните.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на 2023 година, добиени се вкупно 307 дојави, со кои дополнително се остварени 619 разговори. Вкупниот број на деца и млади кои се опфатени со дојавите изнесува 379. Во текот на 2023 година, добиени се вкупно 307 дојави, со кои дополнително се остварени 619 разговори. Вкупниот број на деца и млади кои се опфатени со дојавите изнесува 379. Во овој дванаесетмесечен период комуникацијата со дојавувачите во најголем број беше остварена преку административниот (фиксен) и/или мобилниот број на Детската амбасада Меѓаши 070 390 632, поточно примени се 227 дојави преку еден од овие два броеви. Преку е-пошта во овој период примени се 25 дојави, 3 дојави се примени на ФБ-страницата, 9 дојави се примени по пошта, 11 дојави се поднесени со лично присуство во просториите на Меѓаши додека 32 дојави се примени преку чет опцијата на веб страницата alobushavko.mk“, се вели во извештајот.

Дојавите за извештајната 2023 година се однесуваат на проблеми во кои биле засегнати 117 машки, 107 женски деца, а за 155 деца не е познат полот.

Според средината на живеење на јавувачите најголемиот број од децата или 197 живеат во урбана средина, 33 деца се опфатени со дојавите од дојавувачи кои живеат во рурална средина, непозната е средината на живеење на 149 деца кои се опфатени со дојавите.

Бројот на јавувачите од руралните средини, како и во претходните години, останува многу мал во однос на бројот на јавувачите од урбаните средини.

Најголем процент на деца, односно 35% (251 деца) се засегнати од нарушено емоционално здравје.

„Емоционалната вознемиреност поврзана со искуството на страв, вознемиреност, гнев и проблеми со расположението е одговор на повеќе различни причини поради кои бил остварен контактот. Најчесто причинител за ваквата психолошка состојба кај децата во дојавите што ги добивме е односот на родителите што произлегува од бракоразводите како и интерперсоналните односи во образовниот процес (врсник – врсник, наставник – ученик). Овие дојави се однесуваат на повеќе видови подкатегории: загриженост за себе – 32 – емоционална вознемиреност – проблеми со гневот – 33 – емоционална вознемиреност – страв и вознемиреност – 85 – емоционална вознемиреност – проблеми со расположението – 84 – проблеми со однесувањето во исхраната – 5 – самоубиствени мисли и обиди за самоубиство 10“, се додава во извештајот.

158 деца биле жртви на повреда во најразличен облик, што опфаќа 22% од вкупниот број на деца кои се опфатени со повиците за извештајната 2023 година.

„Овие дојави се однесуваат на повеќе видови повреда булинг – 18, физичко насилство – 40, ментално/емоционално насилство – 52,  сексуално насилство – 4 , занемарување (негрижа) – 17 – економска експлоатација, злоупотреба на детски труд – 3 – друго/неодредено – 18 семејни односи,  – 15 % 105 деца или 15 %, се опфатени со дојавите кои се однесуваат на проблемот со прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа, по основ правото на контакт или средби на детето со другиот родител кој не е старател“, вела од Првата детска амбасада.

Минатата година се случија и убиства на малолетни момчиња од деца, а настани со тепачки и насилство од деца кон деца, за жал и оваа година го полнат полицискиот билтен.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ