сабота, 27 јули 2024
Пристигна официјална потврда

Сака стави потпис на нов договор и стана најплатен играч на Арсенал

Објавено на

часот

Сподели

Пристигна официјална потврда за она што се најавуваше со месеци, Букајо Сака ја продолжи соработката со Арсенал, талентираниот Англичанец стави потпис на нов договор до јуни 2027 година.

Како што пренесуваат медиумите од „островото“, Букајо Сака ќе стане еден од најплатените играчи на „топчиите“.

Новиот договор ќе му гарантира околу 10 милиони фунти по сезона (околу 200.000 фунти неделно) а со бонуси и премии може да стигне и до 15 милиони фунти (околу 300.000 фунти неделно).

Овие суми сепак се пониски од она што Месут Озул го заработуваше, плејмејкерот со 350.000 фунти неделно беше најплатениот во историјата на Арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ