недела, 19 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Сајкоски: И во Охрид активисти на ДУИ фатени со списоци

Пред завршетокот на изборната кампања од граѓани добиваме информации за незаконски активности на членови на ДУИ во Охрид предводени од нивни препознатливи локални првенци. Поседувањето на избирачки материјал, списоци со лични податоци на гласачи, слики од гласачки ливчиња со заокружен број пред кандидат на ДУИ зборува за нервозата од губење на власт, напиша на својот фејсбук-профил Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на париската листа за петата изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Охрид за МКД.мк потврдуваат дека во тек е полициска акција и дека повеќе информации ќе имаме подоцна.

Сајкоски вели дека станува збор за тешки дела против изборите и слободната волја.

„Никој нема да остане неказнет. Гласовите на граѓаните не се на пазар да се купуваат со ситнеж од големите криминали. Веруваме дека Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги санкционираат сите криминалци кои мислат дека може со пари да ја сменат волјата на граѓаните.

Апелирам до граѓаните да си гласаат по сопствена волја. Зад параванот никој нема да види за кого сте гласале.

Да ги избркаме криминалците од власт. Со украдени пари нема да го купуваат нашиот глас. Масовноста на изборите ќе ги победи криминалците“, напиша Сајкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ