сабота, 27 јули 2024

САД: Врховниот суд ја продолжи привремената суспензија на законските овластувања на Тексас

Судијата на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави Семјуел Алито донесе одлука да ја продолжи привремената суспензија на примената на законот на американската држава Тексас која ја поддржаа републиканците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со овој закон на органите на власта во таа сојузна држава им се дозволува спроведување на законите и апсење на лицата осомничени за нелегално преминување на границата меѓу САД и Мексико.

Одлуката на судијата Алито им овозможува на пониските судски инстанци дополнително време да го проценат барањето на владата на претседателот Џо Бајден да се замрзне судската одлука со која се дозволува законот на Тексас да стапи на сила додека трае постапката на верификација пред пониските судски инстанци, пренесува Ројтерс.

Администрацијата на Бајден тврди дека со тој закон се крши американскиот устав и овластувањата на сојузната администрација за регулирање на прашањето на имиграцијата.

Наредбата на Алито истекува на 18 март, но и судијата Алито и Врховниот суд во полн состав би можеле да преземат дополнителни мерки пред истекот на тој рок. Гувернерот на Тексас Грег Абот минатиот декември потпиша закон со кој на државните органи на Тексас им се даваат овластувања за спроведување на законите и апсење на лицата за кои се сомнева дека нелегално влегле во САД, што досега беше исклучиво во надлежност на сојузната влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ