сабота, 27 јули 2024

САД возвратија со напад откако Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак

Американската војска вчера изврши воздушни напади во Ирак како одговор на нападот со дронови на проирански милитанти врз американска воена база во кој тројца американски војници беа ранети, а еден е во критична состојба, соопштија официјални лица.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за најновата демонстрација за тоа како конфликтот меѓу Израел и Хамас се шири низ Блискиот Исток, создавајќи превирања со што на мета се американските војници во базите во Ирак и Сирија.

Групите поврзани со Иран во Ирак и Сирија се противат на израелската кампања во Газа и ги сметаат САД за делумно одговорни.

„По наредба на претседателот Џо Бајден, американската војска изврши напади во Ирак во 2:45 часот по средноевропско време, при што веројатно убиле одреден број милитанти на Катаиб Хезболах и уништиле повеќе објекти што ги користела групата“, соопшти американската војска.

„Овие напади имаат за цел да ги повикаат на одговорност оние елементи кои директно се одговорни за нападите врз коалициските сили во Ирак и Сирија и да ја намалат нивната способност да продолжат со нападите. Ние секогаш ќе ги штитиме нашите сили“, рече генерал Мајкл Ерик Курила, шеф на Централната команда на САД.

Американската база во Ербил, Ирачки Курдистан, претходно вчера беше нападната со дрон, што доведе до најновите американски жртви. Базата неколку пати беше гаѓана.

Ројтерс објави за уште еден значаен напад со беспилотно летало во октомври врз американска база во Ербил на 26 октомври. Тогаш дрон ја проби противвоздушната одбрана, но немаше детонација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ