сабота, 27 јули 2024

САД воведоа забрана за патување на грузиските функционери поради донесувањето на законот за странски агенти

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против високи државни функционери на Грција и лидерите на владејачката партија Грузиски сон, поради донесувањето на законот кој предизвика протести во кавкаската земја а кој е насочен против странското мешање во внатрешните работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер не ги именуваше, поради законот за доверливост на визите, кои функционери се санкционирани, но кажа дека станува збор за „неколку десетици“ луѓе на кои им е воведена забрана за патување во САД.

Потегот следи три дена откако претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили го потпиша законот откако пратениците го надгласаа ветото на претседателката Салома Зурабишвили.

Законот бара од медиумите, невладините организации и другите невладини групи да се регистрираат „дека остваруваат интереси на странска сила“ ако примаат повеќе од 20 отсто од своите средства од странство.

Владата смета дека законот е неопходен за да се сопрат странските актери кои се обидуваат да ја дестабилизираат земјата, меѓутоа многу прозападни новинари и активисти велат дека вистинската цел е да се стигматизираат и да се ограничи дебатата пред парламентарните избори закажани за октомври.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека САД ја разгледуваат својата помош за Грузија, која изнесува 390 милиони долари во последните немколку години.

Противниците на законот го нарекуваат „руски закон“, бидејќи личи на мерките кои се на сила во Русија за ограничување на странското влијание, иако ист таков закон (ФАРА) имаат и Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ