сабота, 27 јули 2024

САД, Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан

САД, Велика Британија и Германија денеска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради тензиите со Израел на југот на земјата. Саудиска Арабија вчера ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, а претходно истото го направи и Кувајт.

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, која избувна по нападот на палестинско исламистичкото движење на израелска територија, на границата на двете земји речиси секојдневно има судири меѓу моќното либанско движење Хезболах, сојузник на Хамас, и Израел.

Во денешното соопштение, американската амбасада во Бејрут ги повика американските граѓани во Либан да го испланираат своето заминување што е можно поскоро, додека се достапни комерцијалните летови. „Препорачуваме американските граѓани кои ќе одлучат да останат да  подготват план за вонредна состојба“, се вели во соопштението без да се наведат дополнителни детали.

Велика Британија и Германија, исто така, ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан.

„Ако моментално сте во Либан, ве повикуваме веднаш да заминете додека се достапни комерцијалните летови“, соопшти британската амбасада.

Во текот на вечерта, германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани да го напуштат Либан со постоечките комерцијални летови.

„Во пограничната зона се случија повторени воени престрелки“, се додава во соопштението на Берлин, оценувајќи дека „тие може да се интензивираат во секое време“.

Франција и Австралија и другите западни држави ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ