четврток, 26 декември 2024

САД: Судењето за атентатот на Трамп дури на крајот на следната година

На човекот обвинет за септемврискиот обид за убиство на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп на Флорида нема да му биде судено до септември 2025 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судењето на Рајан Рут ќе почне на 8 септември наместо претходно закажаниот 10 февруари 2025, кажа судијката Ејлин Кенон.

Рут се изјасни како невин.

Адвокатите на Рут бараа од судијата да го одложи судењето до следниот декември, кажувајќи дека им е потребно повеќе време за да ги разгледаат доказите против него и да одлучат дали да се повикаат на непресметливост на осомничениот.

Рут имал 17 мобилни телефони и други електронски уреди, а на одбраната ѝ се доставени стотици часови материјали од полициските камери и видео снимки од надзорни камери, кажаа адвокатите на Рут за време на двочасовното сослушување пред две недели на Флорида.

Кенон кажа дека закажаниот датум на судењето во септември не претставува „неразумно одложување“.

Таа истакна дека секој одбрана која се заснова на непресметливост или кое било барање кое се однесува на менталната способност на Рут мора да биде поднесено до почетокот на февруари.

Обвинителите велат дека Рут методично планирал да го убие Трамп со недели пред да се обиде да го направи тоа на 15 септември оваа година во Вест Палм Бич.

Пред да го забележи Трамп, Рут ги видел агентите на Тајната служба.

Тој наводно вперил пушка во агент, кој почнал да пука, поради што Рут го фрлил оружјето и побегнал.

Обвинителите велат дека зад себе оставил белешка во која ги опишува своите намери.

Рут бил уапсен малку подоцна додека возел по блиската магистрала.

Обвинението за обид за убиство на претседателски кандидат носи потенцијална казна доживотен затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ