понеделник, 21 октомври 2024

САД: Сирија не заслужува да се врати во Арапската лига

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Ројтерс, Вашингтон изрази сомневање во спремноста на сирискиот претседател Башар ал Асад да го реши проблемот со кризата настаната поради граѓанската војна во Сирија.

Портпаролот на Стејт департментот наведе дека САД сметаат дека арапските партнери планираат да го искористат директниот ангажман со Асад за да поттикнат решавање на долгогодишната криза во земјата, како и дека Вашингтон е усогласен со своите сојузници околу „крајните цели“.

Министрите за надворешни работи на Арапската лига усвоија во неделата одлука за повторно примање на Сирија во таа организација, по повеќе од деценија суспензија.

Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано во 2011 година, по крвавото задушување на уличните протести против Асад кои доведоа до разорната граѓанска војна, а многу арапски држави ги повлекоа своите дипломати од Дамаск.

Неодамна неколку арапски држави, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Египет, повторно ја вклучија Сирија во посетите и состаноците на високо ниво, иако некои, главно Катар, се противат на целосна нормализација без политичко решение на сирискиот конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ