сабота, 27 јули 2024

САД: Република Српска нема право на отцепување. Точка

Соединетите Американски Држави зазедоа цврст став дека Република Српска нема право на отцепување од Босна и Херцеговина и порачаа дека ќе реагираат на таков обид за кршење на Дејтонскиот договор, потврди помошникот на американскиот државен секретар Џејмс О’Браен.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Дејтон разговаравме за тоа и сите таму сфатија дека нема право на отцепување. Точка. САД ќе дејствуваат ако кој било се обиде да го смени овој основен елемент на Дејтон“, се наведува во изјавата која О’Браен го објави на официјалниот профил на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Тој со ова ја потврди реакцијата која во четвртокот ја објави амбасадата на САД во Сараево, во која се наведува дека лидерот на босанските Срби Милорад Додик греши ако мисли дека Вашингтон ќе стои на страна, по најавата на Додик дека РС ќе прогласи независност истиот ден ако високиот претставник на Западот Кристијан Шмит евентуално наметне закон за статусот на државниот имот.

Тоа е прашање кое не е решено уште од завршувањето на војната во БиХ во 1995, и за Додик со месеци е клучна тема, и тој одбива секаков договор БиХ како држава да има недвижности во своја сопственост. Според него, правото на сопственост над недвижнините всушност им припаѓа само на ентитетите и врз тоа РС ја темели својата „државност“.

Додик тврди дека Шмит уште во јануари би можел да наметне закон за државниот имот кој би бил спротивен на интересите на РС, бидејќи титулар на целиот спорен имот би станала БиХ, а потоа државата на пониските нивоа на власт би им го препуштила управувањето со оние недвижнини кои не ѝ се потребни за функционирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ