сабота, 27 јули 2024

САД размислуваат за санкции за судот во Хаг, за Кремљ тоа е мошне необично

Кремљ го опиша како мошне необично тоа што Соединетите Американски Држави размислуваат за санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС), чиј главен обвинител побара налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана и тројца лидери на Хамас поради наводни воени злосторства.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителот на МКС Карим Кан изјави, по седум месеци израелска војна во Газа, дека има оправдани причини да верува дека тие петмина „сносат кривична одговорност“ за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

Американскиот претседател Џо Бајден тој правен чекор го нарече „нечуен“, додека шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен предупреди дека тоа може да ги загрози преговорите за договор за заложниците и прекин на огнот. Некои американски пратеници повикаа Вашингтон да му воведе санкции на судот. Во 2020 година САД воведоа санкции на обвинител на МКС.

„Ситуацијата во која САД имаат став и спремност да користат санкции дури и против Меѓународниот кривичен суд е повеќе од необична“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Во март минатата година МКС издаде налог за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин под обвиненија за воени злосторства. Руските власти оценуваат дека потерницата против Путин е бесмислен обид на Западот да го извалка угледот на Москва, и негира вршење воени злосторства во Украина. Бајден минатата година одлуката на МКС да издаде налог за апсење на Путин ја оцени како оправдана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ