сабота, 27 јули 2024

САД: Рацете на загинатиот ирански претседател беа крвави

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата, имаше „крвави раце“ поради поддршката на екстремистичките групи во регионот, соопшти денеска Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, им рече на новинарите дека САД ќе продолжат да бараат одговорност од Иран за, како што рече, дестабилизирачките активности во регионот.

„Тоа дефинитивно беше човек со многу крв на рацете“, рече Кирби.

Иран побара помош од САД по падот на хеликоптерот на Раиси во планинските региони долж границата со Азербејџан, но САД на крај не успеаја да помогнат од логистички причини, соопшти Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, исто така, им рече на новинарите дека смртта на Раиси нема да ја промени основната позиција на САД кон Иран.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој долго време се сметаше за можен наследник на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, загина во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, објавија во понеделникот официјални лица и државните медиуми.

Остатоците од хеликоптерот што се урна, во кој беа Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, беа пронајдени рано во понеделникот по потрага во услови на големо невреме.

Смртта на Раиси ја потврди потпретседателот Мохсен Мансури во соопштение објавено на социјалните мрежи и на телевизија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ