сабота, 27 јули 2024

САД продолжуваат „тивко“ да испраќаат оружје во Израел

И покрај американската загриженост за планираната израелска копнена офанзива на Рафа, Вашингтон продолжува да го поддржува Израел со воена помош вредна милијарди долари, пишува Вашингтон пост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот весник, повикувајќи се на анонимни претставници на Пентагон и Стејт департментот, пишува дека владата на претседателот Џо Бајден „тивко“ одобрила 1800 бомби МК84 од 900 килограми, 500 бомби MK82 од 200 килограми и борбени авиони за Израел, и покрај затегнатите односи меѓу двата сојузници поради офанзивата на појасот Газа.

Бомбите од 900 килограми се поврзани со претходни масовни жртви во текот на израелската воена кампања во Газа.

Тоа покажува дека американската влада не мисли дека вооружената помош треба да биде средство за притисок врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се тврди.

Односите меѓу Бајден и Нетанјаху во моментов се полни со тензии.

Неделава за Вашингтон требаше да отпатува израелска делегација, но посетата беше откажана откако САД беа воздржани во Советот за безбедност на ОН за време на гласањето за резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Тоа не го спречи Бајден да продолжи да одобрува оружје за Израел.

Си-ен-ен објави дека израелските и американските претставници сепак може да се сретнат во Вашингтон во понеделник за да разговараат за офанзивата на Рафа, град на самиот југ на Појасот Газа, кој моментално е дом на повеќе од еден милион бегалци од другите делови на палестинската енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ