недела, 19 мај 2024

САД побарале од Техеран да дозволи „симболичен напад“ на Израел на иранска територија, Иран одбил

Вашингтон искористил тајни дипломатски канали за да побара од Техеран да не возврати на израелскиот напад, што би му овозможило на Тел Авив да спаси образ по неодамнешниот масовен одмазднички напад на иранските сили, јавува сајтот Крејдл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ирански безбедносен функционер соопштил дека Соединетите Американски Држави ја контактирале Исламска Република Иран, барајќи од Техеран да му дозволи на Израел „симболичен напад за да го зачува образот“, по иранската одмазда со балистички ракети и беспилотни летала.

„САД побараа од Иран да не возвраќа на тој напад“, додал изворот.

Иранскиот функционер кажал дека Техеран „целосно го отфрлил“ предлогот на САД кој бил понуден преку дипломатски претставници и го повторил предупредувањето дека секој израелски напад на иранска територија ќе наиде на решителна и моментална одмазда.

Одговорот на швајцарскиот амабсадор во Техеран му го доставиле службеници на Корпусот на гардата на исламската револуција, а не на иранското министерство за надворешни работи, со што на САД им е испратено „силно предупредување“.

„Иран ја посрами интегрираната радарска мрежа и противракетните системи на САД, како и системите на израелскиот режим“, додал изворот. „САД дури ги активирале своите сателити над регионот за да пружат максимална заштита, но не успеаја во тоа“.

Претходно американските воени власти соопштија дека очекуваат „ограничен напад“ на Израел против Иран, кој наводно ќе се фокусира на цели надвор од иранската територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ