четврток, 26 декември 2024

САД отвораат нова ракетна база во Полска

Соединетите Американски Држави денес официјално отвораат нова воздухопловна база во северниот дел на Полска, во местото Редзиково, во рамки на системот за одбранбена ракетна заштита на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Базата е симбол на силниот воено-стратегиски сојуз меѓу Полска и САД, а нејзиниот развој трае од 2000-те години, оценува Ројтерс.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски кажа дека завршувањето на изградбата на базата ја потврдува решителноста на САД да ја поддржат Полска, без оглед на политичките промени во Вашингтон.

„Полско-американскиот сојуз е цврст, без оглед на тоа кој владее во Варшава или Вашингтон“, порача Сикорски на социјалната мрежа Икс.

Базата се отвора во момент кога Полска е загрижена поради можната промена на американската надворешна политика по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, истакнува британската новинска агенција.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој има блиски односи со Трамп, ќе присуствува на церемонијата на отворање, а наведе дека Трамп лично му се јавил и му го честитал денот на независноста на Полска.

Полска, во која во рамки на НАТО најмногу троши за војската во однос на големината на својата економија, ја отфрла загриженоста поради претходните критики на Трамп на сметка на западниот воен пакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ