сабота, 27 јули 2024
По немирите на северот

САД остро го осудија Косово: „Непотребно ги ескалира тензиите, што ќе влијае врз нашите односи“

Објавено на

часот

Сподели

Денеска косовските полициски сили употребија солзавец и се судрија со демонстрантите пред општинската зграда во мнозинскиот српски град Звечан, во екот на протестите по масовно бојкотираните локални избори.

Блинкен во соопштението порача дека акциите на Косово се спротивни на советите од САД и Европа и „остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори да помогнеме во нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што ќе има последици врз нашите билатерални односи со Косово“.

Тој ги повика сите страни „да се воздржат од какви било понатамошни дејства што ќе ги разгорат тензиите и ќе предизвикаат конфликти“.

„Остро ги осудуваме дејствата на Владата на Косово, која ги ескалира тензиите на северот и ја зголемува нестабилноста. Го повикуваме премиерот Албин Курти веднаш да ги запре овие насилни мерки и повторно да се фокусира на дијалогот во кој посредува ЕУ“, напиша Блинкен на Твитер.

По судирите на северот на Косово српскиот претседател Александар Вучиќ ја стави армијата на земјата во целосна борбена готовност и им нареди на армиските единици да се приближат до границата со Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ