недела, 20 октомври 2024

САД официјално ги означија Хутите како глобална терористичка група

Соединетите Американски Држави официјално ги означија Хутите како глобална терористичка група, по неколкуте недели напади на јеменските бунтовници на комерцијални бродови во Црвено Море.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег следи откако САД и други западни земји побараа од Хутите да прекинат со нападите кои ја нарушуваат глобалната трговија, но тие ги игнорираат барањата.

На нападите одговорија Америка и Британија, а целта на нивните напади била да се онеспособат радарските системи и местата од каде Хутите ги лансираат своите напади со проектили и дронови.

„Оваа ознака е важно средство за да се спречи терористичкото финансирање на Хутите, дополнително да се ограничи нивниот пристап до финансиските пазари и да се повикаат на одговорност за своите акции. Ако Хутите ги прекинат нападите во Црвено Море и Аденскиот Залив, САД веднаш ќе ја преиспитаат оваа ознака“, наведе во соопштение советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливен.

Портпаролот на Хутите за Ројтерс кажа дека ќе продолжат нападите на бродовите кои пловат кон Израел и дека на тоа нема да влијае американската одлука.

Повторното означување на Хутите како глобална терористичка група нема да стапи на сила уште 30 дена, за да се даде време да се завршат хуманитарните активности. Пратките храна, лекови и гориво во Јемен нема да бидат погодени од санкциите, изјавил американски функционер.

Прашањето е како ова ќе го погоди Иран кој ги поддржува и снабдува Хутите.

„Хутите сега користат фондови, обука и оружје на Иранската револуционерна гарда за да го дестабилизираат Јемен и да вршат терористички акции во регионот. Ќе продолжиме да се бориме против штетното иранско влијание секаде каде што можеме. Нормално, Хутите решаваат за тоа дали ќе се оградат од Иран“, кажа неименуван американски функционер за Војс оф Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ