сабота, 27 јули 2024

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

Соединетите држави очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна вчера американски официјален претставник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа претходно соопшти дека Вашингтон не сака конфликтот да ескалира на Блискиот Исток и дека САД му кажале на Иран дека не се вклучени во воздушниот напад врз главниот ирански воен командант во Дамаск.

Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за понатамошна ескалација во регионот. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера изјави дека Израел директно ќе одговори на секој ирански напад. „Директен ирански напад ќе бара соодветен израелски одговор“, му рече Галант на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, според забелешките објавени од неговата канцеларија.

Пентагон соопшти дека двајцата разговарале за „цврстата“ посветеност на Соединетите Држави за безбедноста на Израел против заканите од Иран.

„Повторувајќи ја недвосмислената порака на претседателот Бајден до израелскиот премиер Нетанјаху, секретарот Остин го увери министерот Галант дека Израел може да смета на целосна американска поддршка во одбраната на Израел од иранските напади, со кои Техеран јавно се закани“, соопшти Пентагон.

Се додава дека посетата на Израел на највисокиот американски генерал за Блискиот Исток, армискиот генерал Мајкл Ерик Курила, е поместена за да може да се сретне со израелското воено раководство за да разговара за „актуелните безбедносни закани“. Курила во последните месеци редовно патува во Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ