Понудени се и награди за информации кои би довеле до апсење или осуда на министерот за внатрешни работи Диосдад Кабела. Понудена е и нова награда од 15 милиони долари за министерот за одбрана Владимир Падрино.
#Internacionales | 🇺🇸🇻🇪 Estados Unidos publica las imágenes oficiales de las recompensas aumentadas por la captura de Nicolás Maduro, Diosdado Cabello y Vladimir Padrino López. pic.twitter.com/Fzrre667BT
— Última Hora (@ultimahsv) January 10, 2025
Британија исто така воведе санкции против 15 високи функционери на Венецуела, вклучувајќи судии, припадници на безбедносните сили и воени функционери. Министерството за надворешни работи изјави дека санкционираните се одговорни за „поткопување на демократијата, владеењето на правото и кршење на човековите права“.
Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид Лами го опиша режимот на Мадуро како „лажен“.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чиј реизбор го оспорува Западот обвинувајќи го за изборна измама, положи денес во Каракас заклетва за трет шестгодишен мандат, додека истовремено САД, ЕУ и Британија ѝ воведоа на земјата нови санкции.
Опозицијата ја оспорува победата на 62-годишниот шеф на државата на изборите спроведени уште на 28 јуни, што беше проследено со немири, а илјадници луѓе беа уапсени. Кандидатот на опозицијата. Кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалез Урутија тврди дека тој победил на изборите и повторува дека тој е „избраниот претседател“.
Мадуро, кој во 2013 година го наследи Хуго Чавез, Националниот изборен совет го прогласи за победник на изборите со 52 отсто од гласовите.