Заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател им кажа им кажа на новинарите на редовниот брифинг дека САД и понатаму ги сметаат обвинувањата за геноцид во Газа за неосновани, откако лондонската организација за заштита и промовирање на човековите права Амнести интернешнал во денешниот извештај кажа дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа.
„Не се сложуваме со заклучоците на извештајот и понатаму сметаме дека обвинувањата за геноцид се неосновани“, кажа Пател.
Амнести истакна дека целта на Израел е да ги уништи Палестинците. Во извештајот од 300 страници се истакнува дека државите кои продолжуваат да му испорачуваат оружје на Израел ја кршат својата обврска за спречување геноцид и ризикуваат да станат соучесници.
„Сите држави со влијание врз Израел, особени клучните добавувачи на оружје како САД и Германија, но и други членки на Европската Унија и Британија, мора да дејствуваат сега за веднаш да се прекинат злосторствата на Израел во Газа“, наведе организацијата повикувајќи на моментален прекин на геноцидот, воспоставување примирје и ослободување на сите заложници.