Американското Министерство за правда и Министерството за домашна безбедност објавија јавен извештај во кој заклучуваат дека ниту една странска влада или агент не ја поткопале безбедноста или интегритетот на изборните системи, јавува Ројтерс.
Извештајот покажа дека проруски хакери тврделе дека привремено го ограничиле пристапот до веб-страницата на државната изборна канцеларија. Хакерите, кои САД ги обвинија дека имаат врски со Кина, скенирале и веб-страници на државната влада поврзани со изборите и оние кои не се поврзани со нив, се вели во извештајот.
„Нема докази дека оваа активност го спречила гласањето, ги променила гласовите или ја нарушила можноста за пребројување гласови или навремено пренесување на изборните резултати; променила било кој технички аспект од процесот на гласање; или на друг начин го загрозиле интегритетот на податоците за регистрација на гласачите или кое било гласачко ливче за време на федералните избори во 2022 година“, се заклучува во извештајот.
Јавниот извештај е објавен по класифицираната проценка за странско мешање во изборите поднесена до претседателот Џо Бајден претходно оваа година.
Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори во 2022 година, додека демократите го бранеа своето тесно мнозинство во Сенатот.