четврток, 9 јануари 2025

САД му воведоа санкции на висок унгарски политичар

Американското министерство за финансии му воведе санкции на високиот унгарски државен функционер Антал Роган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението, санкциите на Роган му се воведени поради вмешаност во корупцијата во Унгарија, пренесува Ројтерс.

„Во текот на својот мандат како државен функционер, вклучувајќи ја и функцијата министер задолжен за кабинетот на премиерот (на Унгарија Виктор) Орбан, Роган наводно организирал шеми насочени на контрола на стратегиските сектори на унгарската економија. Министерот Роган имал клучна контрола во овозможувањето систем во Унгарија кој им користел нему и на неговата партија на штета на унгарскиот народ. Неговите активности го симболизираат поширокиот проблем на неказнивоста во Унгарија, каде клучни елементи на државата се заробени од страна на олигарси и недемократски актери“, соопшти Стејт департментот.

Се додава дека акцијата е спроведена во согласност со стратегијата на САД за борба против корупцијата, која го идентификува „заробувањето на државата“ како посебен тип проблем.

„Соединетите Држави имаат национален безбедносен интерес во зачувување на виталноста и континуитетот на демократските институции на своите сојузници, како и во заштитата на демократијата на глобално ниво. Овие санкции имаат за цел да обезбедат финансискиот систем на САД да не учествува на каков било начин во олеснување на коруптивните активности на Антал Роган. Продолжуваме да ги повикуваме унгарските лидери проактивно, недвосмислено и решително да се борат против корупцијата. Потранспарентна Унгарија ќе придонесе на посилен трансатлантски сојуз и понапредна Европа“, се тврди во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ