понеделник, 16 декември 2024

САД му се закани на Додик

Објавено на

часот

Сподели

Потсетувајќи на одредбите од Дејтонскиот договор, со кој јасно е дефинирано дека ентитетите немаат право да се отцепат од државата Босна и Херцеговина, американската амбасада го предупреди Додик дека сепаратистичките дејствија само ќе доведат до нови конфликти. „САД нема мирно да гледаат како Милорад Додик работи на разгорување на нов конфликт во Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението.

Тие објаснија дека тоа значи дека САД ќе го заштитат територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, а на Додик му порачаа дека неговата реторика и закани се само обид да се оттргне вниманието од вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните на РС.

Додик денеска најави дека тој и сите српски претставници во Босна и Херцеговина ќе ги прекинат сите контакти со претставниците на НАТО, а американската амбасада сега го потсети дека членството во Алијансата е цел зацртана со законот за одбрана на Босна и Херцеговина и дека овој закон не може еднострано да се суспендира.

Вербалниот конфликт меѓу Додик и американската дипломатија ескалира во последните месеци, а тој во вторник повторно го навреди американскиот амбасадор Мајкл Марфи, велејќи дека води „смрдлива политика“.

Поради сецесионистичките закани, Додик е под санкции на САД од 2017 година, а Вашингтон потоа дополнително ги заостри со прогласување на лидерот на босанските Срби за личност вмешана во корупција. Нему му е забрането да патува во САД, а на американските државјани им е забрането да работат со него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ