понеделник, 27 мај 2024

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за екстрадиција на Асанж, неговата сопруга оцени дека тоа се „неуверливи зборови“

Соединетите Американски Држави му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон кои ги побара по повод случајот на австралискиот новинар Џулијан Асанж, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, сопругата на Асанж Стела ги критикуваше американските гаранции. Таа на социјалната мрежа Икс објави дека САД дале „неуверливи зборови“, укажувајќи дека Асанж може да се обиде да го искористи Првиот амандман во случај на екстрадиција, но дека обвинителството не се откажало од тврдењето дека Џулијан нема право на Првиот амандман бидејќи не е американски државјанин.

„Наместо тоа, САД се ограничија на тврдењата дека Џулијан може да се обиде да го искористи Првиот амандман ако биде екстрадиран. Оваа дипломатска нота не помага да се олесни огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, односно за неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во изолација во американски затвор поради својата наградувана новинарска работа“, порача Стела Асанж.

Судот во одлуката на 26 март побара гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

52-годишниот Асанж се соочува со кривично гонење во САД поради обвинувања за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на својот истражувачки сајт Викиликс.

Поддржувачите на Асанж инсистираат на тоа дека тој е новинар кој разоткрил воени злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што е во јавен интерес и дека е заштитен од Првиот амандман на уставот на САД, со кој се гарантира слободата на говорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ